Таблетите ќе бидат помоќни од играчките конзоли

од Vladimir Zorba
91 прегледи
Брзите процесори со осум јадра постепено наоѓаат сè повеќе присуство во новата генерација таблети на најпопуларните компании. Брзината на работа и големите екрани со висока резолуција исто така ги претвораат во соодветни уреди за игри. Главниот финансиски директор на Електрик Артс, Блејк Јоргенсен сега направи интересна изјава за развојот на таблетите во следните неколку години, пренесе Гсмарена.
tablets4
За време на конференцијата 2015 Технолоџи, Интернет енд Медиа тој изрази уверување дека многу наскоро овие уреди ќе ни понудат повисоки перформанси од класичните конзоли како Сони ПС4. Фактот дека бројот на корисници кои ги користат таблетите, за да се забавуваат со своите омилени игри е зошто се повеќе програмери ги оптимизираат нивните апликации за нив. Јоргенсен исто така е уверен дека не очекуваат и сериозни подобрувања во контролорите и начинот на кој комуницираме со интерфејсот на игрите.
EA за возврат развиваат нови алатки кои ќе доведат до создавање на многу интерактивни игри за најпопуларните таблети на пазарот. По се изгледа дека во наредните три-четири години токму тоа ќе бидат посакуваните мобилни уреди за гејмерите.