Украинците потклекнаа- се повлекуваат од Дебалцево

од desk3
94 прегледи

Украинските сили се повлекуваат од стратешкиот град Дебалцево во источна Украина, објави украинскиот пратеник, кој го води прокиевскиот волонтерски баталјон “Донбас”, објавија руски медиуми.

Crisis in Ukraine

Повлекувањето од Дебалцево се одржува плански и организирано, напиша Семон Семонченко на “Фејсбук”.

Тој, сепак, негираше дека населен место Логвиново до Дебалцево е во рацете на украинската армија и дека ја држат контролата над стратешки важниот пат Дебалцево-Артомовск.

Сите пораки за контролата над Логвиново се само приказни. Трасата Дебалцево-Артомовск не го контролираме токму заради Логвиново, истакна тој.

Но, според него други важни артерии се под контрола на украинската армија. Семонченко алармира дека “непријателот се обидува да го блокира патот и да го спречи повлекувањето на формациите”, повлекувањето на украинските војници се случува при интензивна артилериска поддршка.

Нашата артилерија не му дозволи на противникот да собере ударна група, рече тој, додавајќи дека “ситуацијата е напната”.

Украинските војници во Дебалцево масовно го предаваат оружје на сепаратистите, изјави за новинарите шефот на администрацијата на лидерот на Донецката народна република Максим Лештенко, додавајќи дека стотици се предале.

Според Владислав Бриг од Министерството за одбрана на Донецката народна република околу 3 илјади украински војници остануваат во Дебалцево.

Според него 300 украински војници се предале во заробеништво, а околу илјада го напуштиле градот.

Сепаратистите од ДНР почнаа повлекување на артилеријата од фронтот, објави претставник на военото министерство на републиката.

Во меѓувреме, водачот на Lugansk народна република Игор Плотницкий изјави, цитиран од ТАСС дека Украина е прекинала давањето гас за републиката.

Вчера ни застанаа гасот. Изјавуваат дека е поврзано со технички проблем. Ветуваат дека ќе го подобрат, додаде тој.