(ВИДЕО) Ставрески ги избегна камерите

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Министерот за финансии Зоран Ставрески денеска ги избегна камерите. Тој се појави во хотелот „Холидеј Ин“ на одбележување на 93-годишнина од основањето на Стопанската комора.

stavreski-izbegnuvakameri

Одржа краток говор во рамки на темата пред бизнисмени од земјава. Според најавите на неговата ПР служба вицепремиерот требаше да даде изјава за медиумите но при крај од настанот од финансии соопштија дека Ставрески се упатил према влада на седница.

Зоран Ставрески се уште нема изјавено ништо во врска со аферата за прислушување која ја објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

На два од 11-те презентирани разговори кој според Заев се снимани од тајната полиција се и разговорите на министерката Јанкуловска и министерот за финасии Зоран Ставрески.

Меѓу другото тие зборуваат за партиски вработувања но и за отфрлање на кривична пријава која против Ставрески ја имала поднесено Салаѓана Тасева претседателка на „Транспаренси Интернешонал“.

Засега јавно за прислушувањата се немаат изјаснето ни Јанкулоска ни Ставрески. Тие ниту ја демантираа ниту ја потврдија автентичноста на телефонските разговори кои пред јавноста ги презентираше лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Досега се изјасни само јавниот обвинител Мрако Зврлевски кој пред камерите рече дека никогаш не интервенирал да се повлече кривична пријава против министерот за финасии Зоран Ставрески./A1Oн