Пред две илјади години, кога силните римски императори управувале со значителен дел од светот, изградиле големи стадиони, кои претставувале рекреативни комплекси за јавна намена. Тие се наречени амфитеатри.
Тоа се големи, тркалезни или овални арени со отворен покрив и места за седење. На овие места се организирале различни настани, а претежно гладијаторски борби, натпревари и егзекуции. Сите овие циркуси го собирале населението.
Скоро секој град во антиката (од Сирија до Шпанија и од Англија до Тунис) располагал со таков театар, како оние во Римската империја. Тие можат да соберат до 20 илјади луѓе, а најпознатиот Колосеум во Рим (тој е најголемиот римски амфитеатар) може да собере 50 илјади луѓе.
На територијата на Римската империја имало околу 230 амфитеатри, но многу од нив веќе не функционираат. Постојат меѓутоа четири амфитеатри во денешна Италија, Франција и Хрватска, во каде сè уште се одржуваат редовни настани и концерти.
Таков е амфитеатарот во Верона.
Тој е изграден во првиот век и е еден од најдобро зачуваните древни градби од ваков вид. Денес, поради извонредната акустика и единствена локација, тој сè уште се користи за оперски изведби.
Арената располага со 64 влеза и има капацитет за 30 илјади лица. Театарот е отворен во 1913 година, по повод 100-годишнината од раѓањето на композиторот Џузепе Верди.
Арената исто така била домаќин на неколку рок и поп концерти на уметници како Алиша Кис, Род Стјуарт, Стинг, Бјорк и Витни Хјустон.
Видете другите слични арени во галеријата.