Британските авиокомпании наметне строги ограничувања на продажбата на алкохол за време на летот по зачестените случаи на инциденти поради пијани патници.
Во последните три години инцидентите за време на летовите се зголемиле тројно, покажува статистиката. Вкупно 114 случаи на “натрапници” биле регистрирани од воздухопловните власти минатата година. Најчестите престапи се бомбашки закани, напади врз екипажот, пушење во тоалетите и обид за упад во пилотската кабина.