92
Oчилата со додадена реалност Окулус Рифт се еден од најиновативните производи кои ги видовме во технолошката индустрија во 2014-та. Импресивните можности на уредот беа и главната причина што го „принуди“ Фејсбук да плати сума од 2 милијарди долари, за да се здобијат со компанијата која ги развива. Социјалната мрежа има амбициозни планови за иднината на Окулус Рифт и се надева дека овој производ целосно ќе ја смени нашата претстава за гејмерските способности на современите уреди.
Главниот продукт директор на компанијата, Крис Кокс сподели дека Фејсбук веќе развива сопствени апликации со додадена реалност, со кои интерактивно ќе комуницираме со светот кој го опкружува, пренесе Врџ. Предметните наслови нема да се фокусираат целосно кон игри, туку ќе имаат социјален карактер и компанијата тестира разновидни апликации, со кои тие би ни биле корисни.
Сеуште не знаеме точно кога да ги очекуваме првите апликации со додадена реалност на Фејсбук, но сигурно ќе биде потребно време, за да можеме сами да работиме со нив. По се изгледа дека иновативната технологија на Окулус ќе има се посилно присуство во идните производи на најпопуларната социјална мрежа .
