99
Производителите на хард дискови Вестерн Дигитал и Сигејт негираа дека имаат нешто заедничко со шпионската програма инсталирана на нивните уреди од Агенцијата за национална безбедност на САД (НСА).
Претходно експерти од Лабораторијата Касперски соопштија дека откриле шпионски софтвер во фирмверот на дискови, вкл. во единиците на ВД и Сигејт, кои се и најраспространети во компјутерите ширум светот.
Бидејќи за создавање на сличен софтвер, НСА треба да има пристап до изворниот код на фирмверот, се поставува прашањето како американската служба го добила – дали како резултат на шпионска акција, или нејзините производители го доставиле.
ВД тврди во официјално соопштение дека нема информации за шпионската програма на НСА и уверува дека во моментов ги истражува тврдењата на Касперски, бидејќи безбедноста на податоците на клиентите и е од огромно значење.
Сигејт исто така изјави дека не располага со информации за пристап до податоците на нивните клиенти од т.н. трети лица. Компанијата нагласува дека веќе седум години произведува дискови со најдоброто кодирање во индустријата, кое исклучува можностите за кражба или т.н. „повратен развој“ на нејзини уреди.
