Министерот Самак дал државна помош на фирма во која работи неговата сопруга

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Државната комисија за спречување на корупцијата констатира судир на интереси кај министерот Веле Самак.

velesamakkkkkkkkkkkkkkk

Во својство на министер без ресор во Владата на Република Македонија тој е потписник на договорот за од Република Македонија на правното лице МАРКАРТ Македонија ДООЕЛ Скопје како инвеститор, а во кое врз основа на договор за вработување е вработена неговата сопруга.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање, во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето да превземе чекори во насока на отсранување на утврдените повреди на одредбите од Законот за спречување судир на интереси, односно доброволно да ја отстрани состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.

Веле Самак не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена. Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање./A1Oн