Мултирелигиозниот храм во Русија

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Храмот на сите религии е архитектонски комплекс во близина на градот Казан , главниот град на Татарстан (федерална област во Русија).cdb72c419bcf5fa7534b192c912be564

Овој интересен комплекс се состои од неколку куполи, минариња и кули, претставувајќи ја верската архитектура на 16-те главни религии во светот.

Има христијански крст, муслиманска полумесечина, ѕвездата на Давид, кинеска купола и др.

Сепак овој храм не функционира и во него не се одржуваат церемонии, туку зградата е културен центар и популарна туристичка атракција. Тука до неодамна живеел сопственикот и креаторот на храмот – локалниот уметник и филантроп Иљдар Ханов, кој почина во 2013-та.

Ханов верувал дека сите религии се еднакви и затоа можат да “живеат” под еден покрив и за тоа тука има православна црква, муслиманска џамија, синагога и пагода. Тој почнал да го  гради вселенскиот храм во 1992 година, но не успева да го изгради целосно.20e83988d9d8598fd97eed395bb9f54a

Иљдар бил дипломиран на Уметничката академија во Казан, а за него се знае дека бил ексцентричен човек кој тврдел дека се состанал со Исус кога имал три годинки и дека тој му го покажал рајот и пеколот.

Покрај уметник Ханов бил исцелител, а некои од неговите најдобри дела украсуваат руски музеи, како и улиците на многу градови во Татарстан.

Тој бил познат и со напорите да лекува алкохоличари и наркозависници, а голем дел од пациентите му помагале во одржувањето и изградбата на храмот.