Се преговараше со часови и се се сведе на кратко протколарно соопштение кое само насочува дека ќе продолжи да се разговара, во правец на изготвување на нов закон. Тоа е единствената насока од соопштението, на кое реагираат новинарските екипи кои чекаа изјави по настанот.
Врз основа на излагањата беше договорено низ отворен дијалог да се дојде до заеднички решенија за унапредување и обезбедување на квалитетот во високото образование. Во таа насока беше заклучено да се формира работна група со претставници на Универзиетот, вклучувајќи ги и Студентскиот и Професорскиот пленум, како и претставници од МОН, која во рок од 30 дена ќе изготви анализа на состојбите, врз основа на која ќе се дефинира концептот за изработка на законски текст за високото образование. Истовремено е договорено во наредните денови да се одржи работна средба во истиот состав, се вели во соопштение , ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски по денешната дебата која се одржа во просториите на Ректоратот.
На средбата учествуваа министрите Зоран Ставрески и Абдулаќим Адеми,кои ги избегнаа новинарите, потоа студентите Стефан Видиков и Ивана Туфекџиева, како и професорката Гордана Силјановска од Професорскиот пленум.
На средбата за реформите во високото образование, иницирана од ректорот Велимир Стојковски, учествува и заменик министерот за образование Спиро Ристовски, какои и претседателот на Студентскиот Парламент Кирил Спироски.
Пленумци ќе го соопштат својот став по координација и презентирање за тоа што се случуваше денеска зада затворените врати во ректоратот.
Денеска е девети ден од окупацијата на сите факултети на УКИМ, а студентите велат дека немаат намера да попуштат се додека власта не им даде цврста гаранција дека сериозно ги разгледува нивните барања.
