Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, го осуди прислушувањето на 20 илјади граѓани во земјата и на верските лидери, вклучително и самиот тој, во последната афера што ја објави опозицијата. Ако се покаже како точно, Реџепи вели дека оваа навреда нема да му ја прости никому, без разлика кој ја има направено, вклучувајќи го тука и премиерот Груевски-информира Алсат.

„Ние, како принцип, нашиот став е дека тој чин нè погоди и длабоко нè навреди. Затоа што самото прислушување те прави сомнителен. Всушност излегува дека ИВЗ била сомнителен субјект и како таква требало да биде прислушувана. Ако навистина сме прислушувани, никому нема да му простиме. Сега, кој го сторил тоа, ќе видиме. Кога велам финализирање на процесот, работата треба да оди до крај и доколку навистина излезе дека сме биле прислушувани, ние не сме подготвени да му го простиме тоа никому, без разлика на тоа кој ме прислушувал, Заев, Никола Груевски или Сулејман Реџепи“, рече Сулејман Реџепи, поглавар на ИВЗ.
Повеќе ТУКА