Антонио Ледесма – градоначалникот на венецуелската престолнина Каракас, кој е истакнат претставник на опозицијата, беше уапсен од службите за безбедност по наредба на обвинителството.
Ледесма е осомничен дека поттикнал извршувањето на државен ударво Венецуела, изјави претседателот Николас Мадуро, цитиран од Франс прес.
За опозицискиот лидер ќе бидат покренати обвиненија и тој ќе одговара за сите извршени злосторства против мирот во земјата, безбедноста и уставот, рече претседателот.
Според Мадуро опозицијата поттикнува извршување на преврат со поддршка на САД.
Како доказ, тој цитира документ потпишан од градоначалникот, од опозицискиот водач Леополд Лопез, кој е во затвор, и од Марија Корина Мачадо, лишена од пратеничкиот мандат во 2014 година
Документот објавен од локалниот печат на 11 февруари, е насловен “Национален договор за транзиција” и претставува низа политички и економски предлози.
Мадуро даде изјава преку радиото и телевизијата малку откако сопругата на Ледесма соопшти за апсењето.
Таа рече дека во акцијата учествувале најмалку 80 лица од разузнавачките служби, кои влегле во градското собрание во Каракас.
“Го одведоа Антонио, го тепаа, не му дадоа да каже што и да било”, изјави за Радио “унија” неговата сопруга.
Вработените на разузнавањето пристигнале со 10 оклопни возила, а откако излегле од зградата,
стрелале во воздух за да ги растераат насобраните бројни подржувачи, раскажа таа. Веста за апсењето предизвика протести низ целиот град – луѓето излегуваа на прозорците, правејќи бучава со тенџериња, или свирење од сирени на своите автомобили во најпрометните часови за движењето.
Со паѓањето на ноќта стотици жители се собраа да го изразат својот гнев пред седиштето на службата за полициското разузнавање.
59-годишниот Ледесма е ветеран од венецуелската опозиција.
Бил сенатор, пратеник и гувернер на округот Каракас. Избран е за градоначалник на главниот град во 2009 година, а во 2013 година е реизбран.
Пред една недела во Венецуела уапсени поранешен генерал на воздухопловните сили и уште 13 лица поради заговор за преврат против претседателот Николас Мадуро, според кого имало план за напад на претседателската палата и други владини згради.
Тогаш претседателот го стави Ледесма меѓу владините критичари, кои ги обвини за заговор за симнување на венецуелската социјалистичка влада.
Градоначалникот на Каракас се исмеја на обвинувањата во бројни интервјуа, истакнувајќи дека вистинската сила,која ја дестабилизира Венецуела, е корумпираността на управувањето.


