Поранешниот разузнувач Слободан Богоевски вечерва е приведен од страна на полицијата на отслужување на затворска казна, јави Нова ТВ.
Тој за вечерва имал закажано интервју кај Оливера Трајковска на 24 Вести, за што бил и најавен да гостува во емисијата, но поради приведувањето, откажано е неговото гостување.
Богоевски во интервју за тв Нова минатата недела жестоко ја критикуваше актуелната власт за скандалот со прислушкувањето. Отворено кажа дека зад бизнисите на Грчкиот олигарх Кондоминас кој од неодамна е во притвор,всушност се криела врхушката на актуелната македонска власт. Богоевски во тоа интервју најави дека знае многу работи и ке ги каже кога ке падне режимот на Груевски.
Оваа власт го осуди бившиот директор на УБК со затворска казна од две години во полицискиот случај Агент, за финансиски малверзации.Богоевски беше во притвор дест месеци и од затворската казна на која вечерва е однесен да ја отслужи му останаа уште 1 година и два месеци.
