Контактни леќи од злато и дијаманти

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Контактни леќи од злато и дијаманти е најновата понуда на еден доктор од Мумбаи, Индија. Тој на своите клиенти им нуди блескави очи, како резултата на спојување на злато со вообичаените контактни леќи, објави “DailyMail”.

11016762_10206174517222328_154053305_n
“Очите со блесок”, тежат 5 грама и чинат од 15.000 до 18.000 американски долари.
Откритието на еден од најпознатите очни центри во Индија – Shekhar Eye Research Center – се состои од 24-каратни честички кои во специјализирана форма на паста се додадени на нормалните очни леќи. За да се избегне контактот меѓу очите и златото, се применува дополнителен заштитен слој.
Д-р Chandrashekhar Chawan планира да започне дистрибуција и продажба на леќите надвор од Индија. Меѓутоа, како што се истакнува во извештајот на “DailyMail”, сè уште не е познато дали златните честички ќе влијаат врз видот. Според одредени тврдења, засега леќите се уште не се одобрени од страна на Прехранбената и Лекарската администрација на САД.

Опишувајќи ги своите дијамантски контактни леќи за USA Today, д-р Chawan вели дека добил “мешани реакции”. “Некои велат дека тоа изгледа страшно, но повеќето од луѓето ги сакаат”, вели тој.