Сепаратистите во Дебалцево заробиле американски снајперист, кој војувал на страната на украинската армија. За ова информираше сепаратистот Александар Жучковски на страницата на Фејсбук, пренесе телевизијата “Ѕвезда”. “Сепаратистите во Дебалцево заробија американски снајперист, државјанин на САД. Очигледно не успеале да го евакуираат од градот – очигледно не очекувале да го превземеме толку брзо “, пишува Жучковски на социјалната мрежа.Тој жали што се сетиле да фи сликаат документите на заробеникот, за да ги потврдат информациите.
“Сепаратистите веднаш го предадоа снајперистот на МГБ (Министерство за јавна безбедност на ДНР). Штета што момчињата не се сетија да го сликаат Американецот и неговите документи, но информациите ни се сигурни. Можеби подоцна од државната безбедност на ДНР ќе ја потврдат. Слични работи треба да бидат прикажани “, истакна тој.
Претходно во заробеништво на сепаратистите се предаде и борец од баталјонот “Азов” – Евгени Чуднецов кој раскажа дека само во оваа воена група има околу 30 странски платеници, од кои многу се инструктори.

