Што да очекуваме од Сони до 2018 година?

од Vladimir Zorba
80 прегледи
Сони е компанија со долгогодишна историја и традиции и еден од најпопуларните технолошки брендови во последните децении. Веројатно секој од вас во минатото користел Тринитрон телевизори, видео камери и плеери, вокмени или MП3 плеерите на јапонскиот гигант. Сони продолжуваат да вложуваат неверојатни напори за да се прилагодат променливите услови во индустријата и да го прошират своето влијание во мобилната индустрија. Сега од компанијата открија повеќе детали за корпоративната стратегија, на која планираат да се обложуваат во следните три години, информира Андроид Полис. u24Glc4J_400x400
Oсновната бизнис цел на јапонскиот бренд е за овој период е оперативната добивка на Сони со стабилно темпо да се зголеми до 3.6 милијарди евра. За да се постигне ова, компанијата ќе го насочи целосно своето внимание кон најпрофитабилните дивизии и ќе презентира уреди насочени кон специфични гранки.
Акцентот на Сони ќе биде концентриран врз производството на сензори за камери, гејмерски конзоли, смартфони и таблети. Во моментов мобилниот бизнис на компанијата продолжува да е еден од проблематичните моменти во нејзиниот буџет, но и покрај тоа таа успева да постигне последователни и стабилни резултати во изминатите квартали.
Сони ќе се обидат да остварат премиера на помалку предводници смартфони и таблети Експериа, за да ги оптимизираат своите приходи и да се претворат во влијателен бренд во индустријата.