Нова литиум-јонска батерија издржува два пати повеќе

од Vladimir Zorba
86 прегледи
Screen-Shot-2015-02-04-at-10.29.03Стартап компанијата СолидЕнерџи разви нов вид литиум-јонска батерија која може да собере многу повеќе енергија и практично да го удвои времето за автономна работа на преносната електроника.
СолидЕнерџи е компанија одвоена од МИТ во 2012 година. Тајната кон зголемувањето на капацитетот за складирање на енергија е во замена на конвенционалните материјал за електроди – графит – со тенок лист од литиум-метална фолија, во која може да се сместата повеќе литиумски јони.
Производителите на батерии се обидуваат да ги искористат литиум-металните електроди во батериите со децении, но досега без особен успех. Во СолидЕнерџи изгледа решиле неколку клучни проблеми поради кои вообичаено такви батерии или престануваат да работат по неколку полнења, или пак експлодираат.
Литиумот има склоност да реагира со електролитот во клетките на батеријата. Тој образува соединенија кои ги „ловат во стапица“ литиум јоните и ги спречуваат да генерираат електрична струја. Тоа постојано го намалува количеството енергија што батеријата може да го чува. Реакцијата создава и т. н. дендрити – метални „дрвја“, кои можат да предизвикаат краток спој и да го запалат електролитот.