Заев: За Јанкуловска и Котевски не било важно убиството на Мартин Нешковски

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во моментов на Бихаќка објавува аудио снимки од преслушуван разговор помеѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и портпаролот Иво Котевски како договараат поненасилни снимки од време на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, каде беше убиено младото момче Мартин Нешковски, како да се објавуваат на телевизиите .

-Со тоталната медиумска контрола прават сценарија и филмови од реалноста. Знаеме дека немаат одговорност, овие луѓе немаат ни малку човечност во себе. Со се она што следува ќе ви станува на сите појасно какви луѓе управуваат со Македонија, вели Заев.

-Од разговорите ќе ви стане јасно какви заложници сме сите во сопствената држава, каде нема систем, туку се е издиригирано од таа група – фамилијата на Никола Груевски, посочува Заев.