(ФОТО) Револтирани граѓани протестираат пред Владата на РМ

од Vladimir Zorba
166 прегледи

B-TaPDeIEAAF8DL Неколку десетици граѓани се собраа пред зградата на Владата на Република Македонија, носејќи транспаренти и извикувајќи „Садисти“, „Убијци“, „Психопати“.B-TktfJCYAAEWXy

Собирот бил организиран спонтано преку социјалните мрежи како реакција на објавените снимки од страна на опозицискиот СДСМ на денешната прес конференција.B-Tkwp6CEAAXUOQ

Опозицијата презентираше снимки од прислушувани телефонски разговори меѓу, како што рече, директорот на УБК Сашо Мијалков и уредникот на ТВ Сител Драган Павловиќ Латас и сопственикот на Канал 5 Емил Стојменов, кои според него се доказ дека апсењето на претседателот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски е политички монтиран процес.

Денеска беа објавени  и аудио снимки, од како што рече Заев разговори меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и шефот на кабинетот на Груевски Мартин Протуѓер на кои се слуша зборување за контроли на патишта за време на протести, што да се објави од веста за апсењето на Бошкоски и како да се однесуваат со луѓето од неговата партијата што работат во државните институции.B-Tko_dCYAAdHbV