Динамични, цилиндрични летни викендички во Литванија

од Vladimir Zorba
92 прегледи

DO+architects_Rolling+Homes_External+02

Крајбрежниот град Свенциле во Литванија се подготвува да ја дочека првата населба со цилиндрични домови. Поставен покрај Балтичкото Море, пределот наскоро ќе добие серија 12 цилиндрични летни викендички дизајнирани од литванските „DO Architects“. Симпатичните куќички нудат истовремено и непречен поглед кон пејзажот и кон морската шир и нудат дискретност и приватност за секој од жителите.

slide_387272_4657026_freeДванаесетте куќи под име „Rolling Homes“ наликуваат на буриња или бали сено среде зелениот пејзаж, свртени кон водената шир. Куќите се пристапни преку воден пат или преку автомобил. Структурите се затворени од страните изведени со дрво, со што се обезбедува приватност, а отворени од предниот и задниот дел за да се овозможи непрекината глетка кон каналите и да се создаде цврста визуелна и физичка врска помеѓу станарите и природното опкружување. Ентериерот е организиран на три нивоа и вкупно зафаќа површина од 100 метри квадратни, кои се повеќе од доволни за удобно домување.

DO+architects_Rolling+Homes_External+03„Овие динамични и разиграни куќи ја одразуваат опуштената атмосфера на крајбрежната локација, како и напредноста и динамичноста на луѓето што ќе живеат во нив“, велат „DO Architects“ во описот за проектот.

Покрај цилиндричните куќи, овој балтички предел ќе добие и центар за сурфање на даска и „kite“ сурфање, исто така, дизајниран од „DO Architects“, кој ќе создаде нова општествена динамика во местото.

DO+architects_Rolling+Homes_Model+01DO+architects_Rolling+Homes_Model+04DO+architects_U001_Svencele+5D1_Plans