Омилената играчка на скоро сите девојчиња во светот – куклата Барби наскоро ќе може да ги забавува децата со уште еден свој талент – таа ќе може да зборува.
Компанијата производител на играчката “Мател” развива специјална серија наречена “Хелоу Барби” , а играчките во неа ќе изгледаат точно како вашата омилена кукла, но ќе можат и да зборуваат.Тие ќе можат да водат дијалог благодарение на посебен уред кој препознава говор. Барби ќе може не само да разговара, но и да раскажува приказни и да се шегува.
Играчката ќе може да остварува врска со безжичен интернет, ќе работи на батерии и ќе чини 75 долари.
Другата вест од компанијата производител е дека новата кукла веќе ќе се нуди и во верзија со ниски чевли, а не само на високи потпетици како што беше до сега.