Шест квадрати за 76 000 евра

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Агенција за недвижности во Париз продава стан само за 76 000 евра.paris-lr

Огласот веднаш го привлече вниманието на илјадници кои сакаат да се здобијат со свој имот во француската престолнина, која се слави со своите високи цени на недвижностите.

Но само на прв поглед предлогот изгледа атрактивно. Кога ќе го прочитате внимателно огласот ќе дознаете дека станува збор за микростан со површина од 6,2 квадратни метри, кој се наоѓа во Деветтата област. Така еден квадратен метар всушност чини 12 258 евра и фактички предложениот имот е еден од најскапите во Париз, пресметуваат експертите на весникот “Паризиен”.