Молк во власта по најновите објавени аудио снимки од опозицијата, на кои шефот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков зборува за одмаздничо апсење и соопштување на пресуда за Љубе Бошкоски со уредникот на Сител, Драган Павловиќ Латас и сопственикот на Канал 5, Емил Стојменов.
Реакција нема ниту од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, а за медиумите портпаролот на МВР Иво Котевски само кажал дека е подготвен да сведочи во судскиот процес „Пуч“. Котевски останал без коментар зошто новинарите ги нарекол погрдно бидејќи го прашале за убиството на Мартин Нешкоски.
По објавените снимки синоќа пред Владата граѓани излегоа на протести, со пуштање на снимките на звучници и скандирања „убијци“, а за денеска попладне на социјалните мрежи се договараат нови протести пред зградата на Владата.