HTC сугерира на Twitter дека ќе го претстави и вториот, поголем предводник

од Vladimir Zorba
79 прегледи

ОК, тука влегуваме со едната нога во сферата на шпекулациите, но што се технолошките најави без нив? На официјалниот Twitter профил HTC USA пушти  порака, со која сугерира дека се поставува премиерата на вториот, поголем smartphone. Да, ова е можеби првото појасно сведоштво дека освен One M9, на 1 март ќе го видиме и One M9 Plus.HTC-One-M9-Concept-6

“Нешто големо се поставува од HTC.”, гласи твитот, продолжен со комплексна равенка што секој може да ја толкува различно.

Гласините одамна тврдат дека HTC може да покаже два предводника истовремено. Се вели дека One M9 ќе има 5 “Full HD, додека One M9 Plus (условно наречен Plus) ќе нуди 5.1” Quad HD дисплеј.