Украина им одзеде акредитации на 100 руски медиуми, за Русија тоа е кршење на права

од desk3
90 прегледи

 

3726c9054c479fc997aa912c27a7ed46

Службата за безбедност во Украина вклучи во листа со привремена забрана за акредитации во украинските државни структури над 100 руски медиуми. Ова го соопшти пред агенција УНИАН претседателот на СБУ Елена Гитлјанскаја за време на изложбата “Присуство-Докази за агресијата на руските војници на територијата на Украина “во центарот на Киев. Според неа, во листата влегуваат регистрирани во Русија телевизиски канали, информативни агенции, печатени изданија и интернет сајтови, вклучувајќи ги телевизиите НТВ, “Первиј канал”, “Россия 1” и “Лајф-Њуз”.

Руските власти пак ја сметаат одлуката за лишувањето од акредитации на голем број руски медиуми, за манифестација на ограничување на слободата во соседна држава, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

“Секое ограничување на својот народ, кој има право да ги добива сите информации од различни извори, безусловно не одговара на разбирањето на современата слободна, демократска држава”, рече Песков. Тој нагласува дека во современите услови, со развојот на модерната технологија, мерката на украинските власти нема да има резултати.