Џихадистите од радикалната група “Исламска држава” изгореа живи 43 лица, соопшти ТАСС, повикувајќи се на шпанската агенција EFE. Егзекуцијата се случила во провинцијата Анбар, западен Ирак.
Жртви на исламистите биле службеници на локалната полиција и припадници на провладините вооружено формација “Ас Сахва”.Тие биле земени како заложници во градот Ал Багдади, на 200 километри северозападно од Багдад, и однесени во градот на џихадисите Хит. Во исто време борци на ИД ја минирале една од најстарите џамии на територијата на Ирак – “Ал Фарук”. Според портпаролот на властите во провинцијата Анбар – Сулејман ал Кабиси, за да постигнат максимално уништување, екстремистите ја минирале по целиот нејзин периметар. Според неговите зборови, џамијата е уништена до темел.
