Огромен интерес за шокантните снимки – над 200 илјади прегледи за еден ден

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Огромен е интересот на јавноста за вчерашната трета по ред „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за, како што рече, местењето на апсење и изживување врз Љубе Бошкоски.

85949383293-540x162

На 32 часа по објавувањето на снимката на Јутјуб, истата е прегледана над 200 илјади пати. Видеото масовно се споделува на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, а голем е бројот на посети и преку порталите кои го објавија.

Се чини дека оваа „бомба“ предизвика најголем интерес, бидејќи за неполн ден ја премина гледаноста на видеото за втората, за контролата врз судството од страна на извршната власт. Тоа видео моментално има над 166 илјади прегледи. Веројатно за кратко ќе го премине и првото видео, со кое Заев го започна проектот „Вистината за Македонија“, и во кое објави за прислушкувањето. Тоа моментално има 284 илјади прегледи, на 12 дена по објавувањето.

За толку големиот интерес и гледаност на видеата на Јутјуб веројатно придонесуваат и провладините телевизии (националните МРТ, Сител, Канал 5 и Алфа) кои воопшто досега не објавиле ниту дел од снимките, како и провладините портали, каде случајот е ист. Од националните телевизии, гледачите можат да слушнат делови од снимките на Телма и 24 Вести, а снимките во целост се емитуваат единствено на Алсат-М телевизија.

Снимките предизвикаа револт, гадење и гнев на социјалните мрежи. Дел од реакциите од Твитер можете да прочитате на следниот линк.