Во интервју за новинската агенција Блумберг шефот на Фејсбук Марк Цукерберг ја изложува својата глобална иницијатива Internet.org, чија цел е да ги поврзе со интернет сите жители на Земјата и да им даде слободен пристап до основен сет на интернет услуги, вклучувајќи Фејсбук.
Како што вели Цукерберг, на интернет се вклучени само една третина од жителите на планетата. Голем дел од преостанатите две третини имаат техничка и финансиска можност да се поврзат, но не разбираат зошто им е потребно да го прават тоа. Фејсбук е подготвен да одвои значителни средства за промена на оваа ситуација, а не очекува враќање на вложеното во наредните 30 години – истакна тој.
Според него бесплатнаото поврзување на корисниците на земјите во развој кон основен сет срвис – текстуални пораки, Википедија, системи за пребарување на работа, кон финансиски и медицински податоци и др – ќе им овозможи да се развие потрошувачката на информации он лајн, да се зголеми бројот на платени членства и за нивна сметка да се финансира развојот на националните мрежи.
Првата земја со која Фејсбук започна соработка во рамките на Internet.org е Замбија, каде проектот дава добри резултати. Информирањето во рамките на програмата на населението на Замбија и Кенија за вирусот Ебола и ХИВ придонесе за ограничување на епидемијата на континентот, нагласува Цукерберг.
Во Азија Internet.org соработува со владите на Индонезија, Малезија и Филипини.