Отров во алкохолот ги убива Американците
Теорија: Од ФБИ ставиле отров во алкохолот за време на сувиот режим.
Идејата дека Владата (најчесто американската) ги труе граѓаните кои блажено тонат во незнаење, не е нова. Колку апсурдно да изгледа сепак може и да има доза на вистина во него. За време на сувиот режим во САД од 1920г. до 1933г., ФБИ навистина додавала нешто во алкохолот, за да го натера населението да се откаже од штетната навика. Бидејќи луѓето сепак биле свесни дека една или две чаши од време на време немаа да убијат никого, биле потребни сериозни мерки да ги убедат во спротивното. Токму поради пиењето на повеќе од една чашка, почнаа луѓе да умираат од труење со алкохол.
Инцидентот во заливот Толкин
Теорија: Инцидентот е вистина само половина.
Во учебниците по историја “Инцидентот во заливот Толкин” доведува до избивањето на војна меѓу САД и Северна Виетман. Каузата била да се заштити демократијата на Јужен Виетнам од комунизмот на Северен Виетман. “Кибритечето за палењето пожарот” биле напади на американски мореплловни објекти кои се случиле на 2 и 4 август 1964. Реакцијата била секундарна и војната започнала. Она што долго време не се открива сепак бил фактот дека напади на 4 август всушност немало. На 2 август напад навистина имало, но два дена подоцна немало никаква манифестација на непријателство. Почнало да се зборува дека лажната информација била распространета, за да се оправда започнувањето на војната.
Фашистички заговор за соборување на владата
Теорија: Фашистите се обиделе да го соборат Рузвелт.
Во 1933г. претседателот Френклин Рузвелт одлучил дека е многу важно за американската економија да се откаже од златниот стандард поради континуираната девалвација на доларот и валутата да стане слободно конвертибилна. Тоа се покажало многу добро за Велика Британија, бидејќи ја намалило цената на производите и ја зголемило куповната моќ на граѓаните. Многу конзервативни бизнисмени од тоа време, сепак го сметале златниот стандард како основа за силната економија. Генерал-мајорот на поморските делови, Смедли Батлер открил на конгресен комитет во 1934 година дека се обиделе да го врбуваат за воен удар против претседателот. Мотивите, се разбира, биле збогатување, но избрале погрешен човек, бидејќи Батлер се испоставил повеќе како приврзаник на Рузвелт, отколку на парите.
Лажниот сведок
Теорија: ЦИА го тера Најра да лажни сведоштва.
Срцепарателната приказна која 15-годишната Најра ги замислува и тресе многу Американци и служи како едно од оправданијата за војната во Заливот. Девојката ја опишува случката за време на еден јавен распит на работната група за човекови права во ноември 1990 година за ситуацијата во Кувајт. Најра сведочеше дека видела како ирачки војници ги вадат кувајтските бебиња од инкубатори и ги фрлаат на земјата, каде што тие умираат од студ. Во јануари 1992 год. Џон Мекартур открива во “Њујорк тајмс” дека всушност станува збор за ќерката на кувајтскиот амбасадор во САД, приказната може да е целосно фабрикувана, а девојката дури и посетувала часови по глума, за да се насочи јавното мислење.
Операција “подбивач”
Теорија: Операција “подбивач” е реалност
Зад тоа име се крие пропаганден проект кој бил спроведен во почетокот на 50-тите години на минатиот век. Во проектот учествуваа над 3 000 агенти на ЦИА и соработници кои се обиделе да извршат контрола врз слободниот печат. Агентите давале на група новинарите селектирани информации за да креираат јавно мислење со приказни кои се достапни за јавноста. Во својот врв програмата се протега над медиуми како New York Times, Newsweek, Time и други. Освен тоа, се тврдело дека ЦИА имала влијание врз сите 25 најважни весникот. Програмата имала големо влијание и во странство, а подоцна придонела за детронизација на претседателот на Гватемала.
Вистината за азбестот
Теорија: Производителите на азбест тврделе дека е безбеден.
Азбест е општото име на група влакнести минерали, од кои повеќето се магнезиумови силикати. Не горат и се користат за огноотпорни градежни плочи. Затоа во XX век се користеле за правење на костими за пожарникари и други луѓе со ризични професии. Инхалација сепак може да предизвика смртоносна болест на белите дробови, бидејќи влакната остануваат таму засекогаш. Неколку акробати, вклучувајќи го и актерот Стив Меквин умираат од malignant mesothelioma -рак предизвикан од инхалирање на азбест. Но, бидејќи оваа информација не била поволна за производителите и дистрибутерите , тие правеле се за да ја убедат јавноста дека е безопасен.
ФБИ против активистите
Теорија: ФБИ се соочува со сите активисти
ФБИ работи на COINTELPRO – Counter Intelligence Programs – програми носочени против сите активисти од сите субјекти кои се борат за еднакви човекови права меѓу 1956. и 1971. Во овие конфузни години Мартин Лутер Кинг е главен портпарол на луѓето што бараат рамноправност. ФБИ го сметале за еквивалент на Партијата на црните пантери – афроамериканските организација за граѓански права на црното население. Постојат сомневања, иако и тоа да е малку веројатно дека од ФБИ се вмешани во убиството на Кинг. Дури и да не е потврдено, има други случаи, како убистото на Фред Хемптон во 1969 кои докажуваат дека агентите се борат против активистите.
Операција “Откачување”
Теорија: Сциентолозите сакале да ја натераат Лет Купт да полуди.
Скиентологијата е основана во 50-тите години на XX век во Калифорнија од писателот-фантастичар Лафајет Роналд Хабард како метод за психолошка самопомош. Таа учи дека како даден следбеник на Скиентологијата да го подобри менталното здравје и вештини за комуникација, тој би можел да стане посреќен и поуспешен во животот.
Лет Купер напишала во 1971 год. статија во британскиот весник против Скиентологијата. Го тужеле весникот и добиле оштета од $ 8 илјади. На сциентолозите сепак не им било доволно и затоа се појавила опрацијата “полудени”, која има за цел да ја тера Купер да полуди или барем да изгледа така во очите на другите. Дури инфилтрирале човек во нејзиниот дом.
Планот тероризирање на американското население
Теорија: Владата сама делува против граѓаните
Операција “Нортвудс” е планирана од Министерството за одбрана на САД во 1962 година, за да предизвика симулирани или вистински тероризам и насилство против американските територии или американските интереси, и да ја префрли вината за нив на Куба и на тој начин да обезбеди поддршката на јавноста за воени дејствија против владата на Кастро. Иницијатори на овој план беа високи претставници од Министерството за одбрана, вклучувајќи го и претседателот на Обединетата комисија на генералштабовите генерал Лиман Луис Лемницер.
Некои дури тврдат дека луѓето кои стојат зад оваа операција, се вмешани и во убиството на Кенеди, но тоа не е потврдено. Документот со кој се докажува операцијата е објавен јавноста на 18 ноември 1997 година,а разоткривањата продолжуваат и во 1998.
Пиштолот кој не остава траги
Теорија: ЦИА направиле пиштол, кој не оставал траги
Такво оружје всушност постои. ЦИА го измислиле со пари на даночните обврзници во крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години на минатиот век. Ова сепак се потврдило во 1975г. Пиштолот бил направен така што да не може да се следи. испукувањето на леден куршум кој содржи материи предизвикува инфаркт кај сите луѓе. Куршумот потоа се топи, без да остави траги. Влезната рана од него изгледа како каснување од комарец. Не се знае кого и дали воопшто убиле некого со овој пиштол.
