(ВИДЕО/ФОТО +18) Експлозија на митинг во Харков, тројца загинати

од desk3
91 прегледи

За време на патриотски митинг во источниот украински град Харков, што е под контрола на Киев и се наоѓа на околу 200 километри од зоната на борбени дејствија, денеска претпладне експлодира бомба,соопштија локалните медиуми.

SL1  Sl3

Три лица загинале пријавени УНИАН. Една од жртвите е милиционер, пренесува агенцијата повикувајќи се на информации од областното управување на МВР. Повредените се повеќе од 10. Меѓу нив има двајца борци на баталјонот “Харков-1”, една жена, која ги носела симболите на “Десниот сектор” и претставник на полицијата.SL2

Украинската служба за безбедност приведе неколку лица кои се осомничени за предизвикување на експлозијата за време на процесијата во центарот на градот Харков, пренесе Интерфакс.
Засега нема информации за бројот на уапсените. Тие се осомничени за извршување на злосторства, слични со терористичката дејност, како и за експлозијата во Харков.