Некои новинари одлучија да ги напуштат провладините медиуми поради уредувачката политика со која не успеваат да се помират, пишува ТВ Нова. За нив, случајот «Пуч» е шанса, која според Снежана Трпевска, да се дојде до пресвртна точка за да се консолидира новинарската заедница и вредностите кои денес доминираат во новинарската професија.

«Денес го прекинав мојот ангажман во Канал5», напиша во петокот вечер на Фејсбук Сузана Мицева, дописничка од Струмица на оваа телевизија. Веста собра речиси 2.000 «лајкови» и над стотина коментари кои можат да се сумираат како «секоја чест Сузана».
.jpg)
„Сите ние имаме свои причини кои не водат во животот, субјективни, објективни…
Моите се исклучиво лични. Одлука која не верував дека ќе треба да ја донесам, но ете, решив во дел од секунда и за првпат во животот знам дека постапив чесно. (…) Секој има свој револт, ова е мојот начин да го покажам„ вели Мицева
Сличен потег направи и Јасминка Аневска, којаја напушти Алфа Телевизија и премин во Телма.
„Понудата да преминам во Телма дојде во момент кога сериозно размислував да си заминам од медиумите и дури и почнав да преговарам со компанија од друг сектор. Но, ете пак одлучив да останам во новинарството и да си дадам уште една шанса и покрај разочарувањето што го доживеав од новинарите, од уредниците, сопствениците, од реакциите на јавноста на скандалите кои се откриваа низ годините„ констатира Аневска, барајќи нова шанса во фелата.
И новинарката,Убавка Јаневска, по 6 години минати како дописник на Канал 5 од Велес и ја напушти телевизијата. На својот ФБ профил таа ги извести своите пријатели дека нема да ја гледаат на Канал 5, но продолжува да работи како дописник за радио Канал 77 и порталот „Дума.мк“. Јаневска пред тоа беше дописник и за А1 Телевизија од Велес, како и за дневниот весник „Вест“.
.jpg)
Снежана Трпевска, од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, смета дека треба објективно да се набљудува реалноста:
![]()
Според Трпевска меѓу новинарите кои работат во провладините медиуми доминираат страв и конформизам а професионалните вредности и етиката се едноставено ставени на страна:
“Дали ќе се откаже некој новинар да работи во вакви услови е прашање на неговиот личен интегритет – дали нему лично му е поважно да има сигурна плата и работно место, од тоа што за него како новинар ќе мислат колегите од професијата или публиката”. вели Трпевска.
Случајот “Пуч” треба да биде пресвртна точка за да се консолидира новинарската заедница, смета Трпевска. И додава дека е сигурна дека “после овие настани во новинарската заедница ќе дојде до подлабоки дебати за вредностите кои денес доминираат во новинарската професија„