Интересни факти за Бахамите (Втор дел)

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Во почетокот на месецот Џони Деп и Амбер Херд се венчаа, а втората свадбена церемонија се одржа не било каде, туку на Бахамите . Всушност актерот располага со еден од околу 700-те острови кои ја сочинуваат земјата.d7374df587cda0a808d40cd8ce880b0e (2)

Бахамите се толку прекрасно место  што за никого не треба да биде изненадување желбата на познатите личности да се здобијат со мал дел од него.

Во првиот дел со интересни факти за Бахамите ви раскажавме интересни детали за островската држава, а сега е ред на уште една порција од нив:

11. Тврдината Fort Charlotte е изградена во 1788 година и го носи името на сопругата на кралот Џорџ III. Тврдината се наоѓа во близина на центарот на Насау , а сега е претворена во музеј . Благодарение на погодниот и пристапен рид, од ѕидовите на тврдината се открива неверојатна глетка кон пристаништето, островот Парадајс и Насау.

12. Познатата плажа Cable Beach , кој асе наоѓа на 7 километри западно од центарот на Насау, е место каде што може да се видат многу луксузни хотели, казина, ресторани и спортски објекти.

13. Основниот извоз Бахамите го остваруваат со фармацевтски производи, цемент, рум, лангуста и рафинирани нафтени производи . Растението Bark Cascarilla што расте на неколку острови, исто така се извезува, служејќи за ароматизирање на алкохоли како Кампари и вермут.da4335ae25145fdfa9df9fddbc2c36a3

14. Бахамските острови бројат повеќе од 700 . Само 30 (според различни извори меѓу 20 и 40) од нив сепак се населени .Се разбира, локалните жители најдоа начин да заработат пари и од тоа – нудат одмор на пуст остров .

15. Народната кујна на Бахамите изобилува со различни јадења со морска храна . Омар е меѓу најскапата храна во земјата, а фаќањето е дозволено само од месец април до месец август.

16. Историски факт – Бахамите биле станица за многу пирати , меѓу кои и познати жени пирати . Френсис Дрејк и Ен Бони се две од нив.

17. Повеќе од 5% од сите корални гребени во светот се наоѓаат во територијата на Бахамите. Тоа значи дека оваа земја е идеална дестинација за туристите кои сакаат да нуркаат и да се восхитуваат на подводниот свет.

18. За време на прохибицијата во САД , Бахамите биле дел од шверцот на алкохол.

19. Приближно околу 80% или дури и малку повеќе од населението на Бахамите има африкански корени .

20. Бахамите се офшор зона . До денес малата држава нуди економска безбедност, што е важен предуслов за оф-шор стабилност. Поголем дел од оф-шор фирмите основани во Бахамите, се сопственост на Американци .

Влезете во нашата галерија и разгледајте ја убавината на Бахамите.