Писмо на албански интелектуалци: Поддршката на режимот не може да се оправда со ниеден рационален аргумент

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Ви го пренесуваме писмото до јавноста и амбасадите на САД, Германија, Франција, Велика Британија и ЕУ на група албански интелектуалци:
zname_2014929153642[1]

Ние како интелектуалци, апелираме до политичките субјекти кои се уште директно или индиректнo го одржуваат во живот постојниот режим, невиден за eвропски прилики, да престанат и понатаму да го поддржуваат ваквиот родбински режим.

Ваквиот режим има создадено хаос во државата на сите полиња. Со ниеден рационален аргумент не е можно да се оправда понатамошното одржување во живот на ваков режим, кој ги има узурпирано и приватизирано иснтитуциите, кој гази по законите, по слободата и достоинството на луѓето, по заедништвото, по слободата на мислата и информирањето, по граѓанската и етничката рамноправност, и кој во голема мера го има деградирано човечкиот живот.

Со години ваквата поддршка се оправдува со наводно добиен легитимитет на избори. Но, секому му е јасно дека граѓаните не даваат легитимитет за огромни криминали, за омраза и поделби, за незаконско збогатување и за енормно осиромашување на луѓе. Не е даден легитимитет за монтирани политички процеси, за казнување на невини луѓе, за создавање индивидуални и колективни трагедии, за злоупотребување на институции и за општ грабеж.

Вистинскиот легитимитет се добива на слободни избори, а такви немавме, оти целиот систем беше злоупотребен во полза на партиите на власт. Приватните и јавните медиумите беа корумпирани со јавни пари. Национализмот беше главен адут на изборната реклама, па оттука далеку од тоа дека сме имале легитимни избори.

Ние долупотпишаните интелектуалци, бараме од сите политички субјекти, особено од албанските политички субјекти да не преземаат или толерираат што и да е што може да биде во полза на понатамошното владеење на ваквата група, која ги има киднапирано државата и институциите. Секое понатамошно нивно поддржување на власт, претпоставува директно и ваша одговорност за такви ризични чекори.

Потпишани:

Џеладин Мурати, универзитетски професор,

Мерсел Биљали, универзитетски професор

Осман Кадриу, универзитетски професор,

Идриз Ковачи, Универзитетски професор,

Аурора Ндрио Карамети, унивезитески професор,

Сабаудин Жута, унивезитетски професор,

Исмет Рамадани, аналитичар,

Исамил Синани, публицист,

Африм Гаши, публицист (сега политичар)

Зеќирија Ибрахими, аналитичар (сега политичар),

Назиф Зејнулаху, аналитичар,

Џелал Незири, аналитичар,

Флутура Завалина, НВО ,,Њу Лајф,, САД

Џеват Лимани, артист, САД,

Џенис Сулимани, аналитичар

Фердезе Сулејамни, професор

и поддршка на околу 70 други јавни личности