Пак почна да “грми” артилеријата во Донецк и Горловка

од desk3
87 прегледи

Во некои региони на Донецк и Горловка се слушаат поединечни артилериски и минофрлачки гранатирања, пренесе Газета Ру, повикувајќи се на локални жители. Во Горловка пукање се слуша во Никитовски регион “, каде во близина на градот се позициите на украинските сили за безбедност”, пријави локален жител. “Судејќи според звукот, се пука кон населбата Мајорск”, додава тој.

20150222.tadkofhwgz

Во Донецк артилериски експлозии се слушаат во западните предградија на градот. Информации за настрадани или загинати нема.