Двајца поранешни министри за надворешни работи се вмешани во новиот скандал “пари против пристап” во Велика Британија. Џек Строу и Сер Малком Рифкинд нуделе да се користат нивните позиции како политичари, во корист на измислена кинеска компанија во замена за добивање на 5.000 фунти дневно, објави The Telegraph.
Строу се фали дека дејствувал “под радарот” при користење на своето влијание за промена на правилата на ЕУ во корист на трговска компанија која му платила 60 000 фунти. По откривањето на тоа тој бил отстранет од Лабуристичката партија. Строу тврди дека користел “шарм и закана” да го убеди украинскиот премиер да ги измени законите во корист на истата оваа форма. Во разговорите, тој наведува и можни прекршувања на правилата, како што го користи службениот кабинет за консултантска активност и ги кориси парламентарните консултанти да работат на дела од неговиот приватен бизнис. Сер Малком кој ја следи работата на британските разузнавачки агенции од името на парламентот, вели дека може да има “корисен пристап” до секој британски амбасадор во светот, поради својата позиција положба. Некои новинарит кои се тука тој вели дека ќе дадат до знаење за министерските проблеми на свои клиенти, без да го откриваат нивниот идентитет. Малком Рифкинд се опишува себеси како “самоиздржувано лице” и треба да ги “заработувам своите приходи” – иако платата му е , од 67 000 фунти од даночните обврзници за неговата работа како член на парламентот, а не за приватни бизниси и злоупотреби од таа позиција.
