На САД, Канада и Велика Британија им се закануваат терористички напади од седиште во Сомалија од група “Ал Шабаб”. Началникот на внатрешната безбедност Џе Џонсон најави дека Вашингтон ја прифаќа заканата сериозно и ги повика луѓето да бидат на стража за време на посетите во трговските центри, соопштува CNN.
Засега нема препорака луѓето да се воздржуваат да одат таму. “Ако некој планира да оди во молот “Америка” денес, мора да биде крајно внимателен “, предупреди Џонсон. Најголемиот трговски центар во Минесота беше споменат во заканувачкото видео на “Ал Шабаб”, распространето вчера. Во него терористите се закануваат дека ќе го повторат теророт од трговскиот центар во Најроби, Кенија, од минатата година, исто и во трговските објекти на запад. Од полицијата соопштија дека ќе го зголемат бројот на патролите во трговските центри. “Ал Шабаб” побарала следбениците да вршат напади врз центри во САД, Канада и Велика Британија. Групата е одговорна за терористичкиот акт во трговски центар во Најроби, при кој беа убиени 67 лица. Канадската влада го осудија видеото и ветија дека ќе преземе мерки за да ги заштити луѓето и засилување на мониторингот на потенцијално загрозените објекти.
