Одлуката на Унгарија да склучи договори во вредност од речиси 12 милијарди евра со руска државна компанија може да биде блокирана од европските регулаторни органи, пишува “Фајненшл тајмс”.
Вето или огромна парична казна од Брисел би биле пречка за унгарскиот премиер Виктор Орбан, за проектот кој стана централен елемент на стратегијата за продлабочување на политичките и економските врски со Русија и покрај санкциите на Западот против Москва за нејзината улога во украинската криза, истакнува весникот.
Покрај тоа, според европските дипломати одлуката на Орбан да не спроведува тендери ги храни стравувањата дека неговите блиски врски со Москва можат да го натераат Унгарија да се спротивстави на обидите за зајакнување на санкциите против Русија.
Според противниците на договорот тоа носи финансиски ризик, како и опасност за зајакнување на енергетската зависност на Унгарија од Москва. Земјата и без тоа увезува од Русија 80 проценти од нафтата и 60 проценти од гасот.
Будимпешта е посветена на договор со руската Росатом за проектирање, изградба и одржување на два 1200-мегаватни реактори во град Пакш.
Иако ЕК не се спротивставила на меѓувладините договори потпишани од двете страни пред околу една година, договорите за нуклеарката “Пакш” предизвикуваат загриженост.
Две агенции на ЕУ ги испитуваат договорите. Јуроатом – агенции што го обезбедуваат активностите во нуклеарната област, ги задржува одобренијата за испораките на гориво на централата од технички и финансиски причини, иако се водат преговори, посочи информиран извор. Сите договори за испорака на нуклеарно гориво во земјите од ЕУ треба да добие одобрение од Агенцијата, забележува “Фајненшл тајмс”.
Европските органи одговорни за конкуренцијата,ги испитуваат државните субвенции и законитоста на договорите, дадени без тендер на Росатом.
Антимонополската истрага се уште е во почетна фаза, што дава можност на Унгарија да се договори со Брисел, пред започнувањето на официјална истрага.
Војната на интереси е дел од поширока борба меѓу ЕУ и Русија за европскиот енергетски сектор. Минатата година Москва се откажа од проектот за гас “Јужен поток” во вредност од 50 милијарди долари, откако европските регулаторни органи изјавија дека рускиот гасен гигант “Газпром” ќе ги наруши правилата за конкуренција, бидејќи истовремено ќе го поседува гасоводот и ќе доставува гас во него .
Како знак дека Будимпешта се подготвува за пресметка со Брисел, Орбан минатата недела рече дека енергетската политика е суверена прашање, наведува весникот.
