Меѓународната заедница повеќе не го брои Груевски за премиер!

од Vladimir Zorba
133 прегледи

„Надвор од дипломатскиот речник, меѓународната заедница повеќе не го брои Никола Груевски за премиер на Република Македонија. После посетата на Хан во Македонија јасно е се“, изјави синоќа Петре Шилегов, портпарол на СДСМ, на трибина во Прилеп

Silegov Prilep

“Како што гледате, за дваесет дена целосно зовре во нашата држава, многу внимателно ги отвораме сите теми во областа за прислушувањето. Долго јавноста се потсмеваше дали воопшто Заев ги поседува таканаречените бомби, но видовте и сами што се случи после објавувањето.Раководството на ВМРО-ДПМНЕ единствени се што вложуваат во зголемување на немирот во државата, преку формирање на разни здруженија кои што повикуваат на понатамошна делба во македонската држава, а СДСМ тоа нема да го дозволи.СДСМ е државотворна партија и нема да дозволиме да се наруши секојдневниот мир на Македонија”, изјави Шилегов за медиумите.