Четири нови смартфони од ЕлЏи

од Vladimir Zorba
87 прегледи
Голем дел од успехот на ЕлЏи минатата година се должеше на продажба на солидни уреди од средната класа и се чини дека корејската компанија планира да продолжи да ја искористи оваа стратегија и во 2015 година. lg-new-phones-2-630x362
Една недела пред почетокот на СМК 2015, ЕлЏи претстави четири нови смартфони кои би требало да им се допаднат на корисниците со ограничен буџет – „Џој“, со 4-инчен WVGA екран, „Леон“ со 4,5-инчен FWVGA (854×480) екран, „Спирит“ со 4,7 – инчен ХД дисплеј и „Магна“ со 5-инчен ХД екран. И трите модели имаат верзија на 3Г или ЛTE можности.
„Спирит“ и „Магна“ користат процесори со работна фреквенција 1,2ГХз за моделите со 3Г можности и 1,3ГХз процесори за 4Г верзиите. Верзијата на Андроид, со која работат е Лолипоп. И двата телефони имаат основна камера од 8МП за ЛTE моделите и 5МП за моделите со 3Г можности. „Магна“ сепак има подобра камера за видео повик – 5МП, додека онаа на Спирит е 1МП.
„Леон“ и „Џој“ за возврат имаат предна камера со ВГА резолуција. Ако се одлучоте за „Џој“ ќе треба дополнително да изберете помеѓу 4-или 2-јадрен процесор, откако и двата работат со фреквенција 1,2ГХз. Главната камера на овој телефон е исто така 5МП. Во однос на батеријата, „Магна“ нуди 2540 милиампер часови, „Спирит“ е со 2.100, а другите два модели се со 1,900.