Надворешно-политичката иницијатива на САД во последните 20 години секогаш води до катастрофа, пишува виш научен соработник во Институтот “Като”, поранешен специјален асистент во администрацијата на претседателот Роналд Реган и политички аналитичар за “Форбс” Даг Бандоу.
“Американската надворешна политика се управува од будали. Што друг заклучок може да се направи од фактот дека САД се мешаат во внатрешните работи на секоја држава во секое време, без оглед на последиците? Во овој случај, без разлика колку погубни ќе се покажат резултатите од инвазијата, лобистите на војната пак ќе инсистираат на тоа дека нивните намери биле оправдани “, смета колумнистот на Форбс.
Тој нагласува дека надворешната политика не доведува до разлики меѓу републиканците и демократите.
“Има двопартиен консензус за постојана интервенција”, пишува аналитичарот. Според Бандоу претставници на двете политички партии дури се обидуваат да се усогласата едни со други по прашањето за несовесна интервенција. Тој иронично забележува дека според елитата на Вашингтон, Американците треба да се вклучат во некој конфликт, да го прегрупираат секое општество, да победат над сите противници и да ја игнорираат секоја критика.
Во овој случај аналитичарот нагласува дека секоја интервенција на САД само ја комплицира и влошува ситуацијата, а секоја нова интервенција се заканува само со нови проблеми, кризи и катастрофи кои, од своја страна, “ќе се претворат во нов круг од војна, окупација, бомбардирања , хуманитарни програми за помош, инвазии, дипломатски притисок и други форми на интервенција “.
“Кога Вашингтон се меша, ситуацијата се влошува уште повеќе”, забележува новинарот, додавајќи дека политиката на САД во последните 20 години, покажува дека овој пристап води до страшна несреќа.
