Администрацијата на Обама во Октомври 2014 усвои одлука со која на седум (или како изјави тамошниот В.Д. Амбасадор на САД, “помалку од 10″) државни службеници од владата на Виктор Орбан им се одзимаат визите за влез во САД, поради поврзаност со корупција. Според Њу Јорк Тајмс, одлуката е донесена поради “влошување на ситацијата која има севкупно надолен тренд” како што изјавил Андре Гудренд, в.д. во Американската Амбасада.
Aмбасадата во Будимпешта како гест на “куртоазија” одби да јавно ги именува лицата ставени под режим на санкции.
Сличноста со веста објавена вчера со онаа од Унгарија е очигледна, и по формата и по елаборацијата на мотивите за наметнување санкции и поради целта која сака да се постигне – спречување на понатамошен негативен тренд на развој на настаните.
Секако, доколку веста од недела навечер е точна, тоа подразбира дека таа е веќе пренесена во службена форма или комуникација до соговорниците во Скопје.
Споредбено со Унгарија, се поставува прашање дали одлуката е веќе донесена и имплементирана (кон конкретни имиња) или е пак софт-лендинг подготовка за она што и службено би се објавило во следните неколку недели.
Интересно е што веста коинцидира временски (размак од 12 часа) со онаа за откажување на средбата со Јункер, што дава причина за промисла дека веќе станува збор за координиран настап кон администрацијата Груевски-Ахмети.
Изборот на медиумот преку кој е пренесена веста е исто така интересен: таблоид со најголем тираж, неоптеретен од политика, со публика која опфаќа читатели од сите политички партии, етнички заедници и специфичен социален и општествен слој редовни читатели.фејсбук статус на Арсим Зеколи
