Што претставува технологијата Фејсбук ДипФејс АИ

од Vladimir Zorba
81 прегледи
Фејсбук е една од компаниите која во најголема мера го промени начинот на кој комуницираме со нашите најблиски луѓе во последниве години. Веројатно не знаете, но нејзините инженери работат напорно над иновативен систем кој се нарекува Фејсбук ДипФејс АИ со идејата да ја подобри безбедноста во социјалната мрежа. Во моментов нејзините можности се толку софистицирани што таа е во состојба да го препознае идентитетот на корисниците во над 400 милијарди фотографии кои секој ден ги качуваме во профилите, пренесува Гик.bth_c117847ee3e81ab45afa28f74c648059
На овој начин Фејсбук ќе ни овозможи да заштедиме нерви од тоа некој да закачи фотографии кои не сакаме никој да ги гледа и сами да избереме опција за замаглување на нашите лица во нив. ДипФејс АИ работи и со фотографии во кои се прикажани непознати луѓе, но ни покажува имињата само на оние кои се веќе во листата со пријатели. Системот е базиран на уникатна технологија со името Дип Лрнинг, која наместо поединечни пиксели „гледа“ и препознава лица, очи, усните, уши и други дистинктивни карактеристики на потрошувачите.
Потоа специјалниот алгоритам ги користи овие податоци, заедно со другата информација која Фејсбук веќе ја има за нас, за да не идентификува. ДипФејс АИ се развива веќе неколку години и е во состојба да се учи со текот на времето, откако обрнува внимание на повеќе фактори. Компанијата е на мислење дека овој систем ја подобрува безбедноста, но од друга страна е малку загрижувачки да разбереме дека Фејсбук може да го дознае нашиот идентитет само од една фотографија.