ФЗО доби нови директори- Сања Минкова и Орхан Рамадани

од desk3
377 прегледи

sanja-minkova-orhan-ramadani-685x320

Сања Минкова и Орхан Рамадани се новите в.д. директори на Фондот за здравство. На фукциите се назначени на вчерашната владина седница, откако предходно Парнапџиева и Мехази дадоа оставки за случајот со малата Тамара.

Минкова доаѓа од работно место во Влада, а Рамадани од Аеродроми Скопје.

Како што информира Плусинфо, сестрата на Сања Минкова е сопруга на синот на Јовица Латиновски, синот Петре Латиновски, градоначалник на скопската општина Бутел од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Јовица Латиновски, пак, е советник во кабинетот на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

Сања Минкова, дипломиран правник, вработена како соработник за правни прашања во Канцеларијата на премиерот Никола Груевски. Таа беше и дел од раководната структура на прилепскиот Тутунски Комбинат.

sanja-minkova-1

 

Минкова беше и претседател на управниот одбор на ЈП за државни патишта.

Во нејзиното си-ви пишува дека хоби и се патувањето, аеробик, џогирање и читање книги.