Кога ќе ги видиме првите процесори од 10-нанометри на пазарот

од Vladimir Zorba
82 прегледи
Интел се најголемиот производител на процесори кои ги напојуваат мобилните уреди на пазарот. Компанијата има намера да продолжи да доминира во овој сегмент и да има постојано силно присуство во него во текот на следните години. За да се постигне оваа амбициозна цел од Интел веќе развиваат нови архитектури со кои ќе ги зајакнат своите позиции во индустријата, пренесоа АрсТехника.Intel_395
Teхнолошкиот гигант планира да ги оптимизира своите производствени практики и да почне да создава 10-нанометарски чипови кон крајот на 2016-та и почетокот на 2017-та година. Интелисто така ќе се обидат максимално, за да го спречат доцнењето на премиерата на пазарот, како што се случи со претставниците на Бродвел платформата. Компанијата нема намера да запре тука и веќе работи над технологија која ќе го забрза доаѓањето на првите 7-нанометарски чипови на пазарот.
Интел се на мислење дека за да го стори тоа има потреба од целосно нови материјали, што може да доведе до крајот на силиконот како клучна компонента од современите процесори. Иако нејзините претставници не коментираа официјално како мислат да го постигнат ова, се очекува тие да создадат идни 7-нанометарски архитектури, преку користење т.н. „Индиум Галиум Арсенид“ (InGaAaS).