Тричковски: Премиерот тешко дише!

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Премиерот тешко дише!, констатира новинарот Бранко Тричковски на неговиот профил на Фејсбук по попладневниот прес на Никола Груевски, пренесува +Инфо.

„Не знам дали го споделуваме истиот впечаток, почитувани пријатели, но мене ми се слушна дека премиерот многу тешко дишеше за време на денешното обраќање! Не знам дали неговата мака беше предизвикана од високата влажност на воздухот во зградата што се јавила по лепењето на дебелиот стиропор врз лицето на Муличковски или на нешто друго, близината на реката Вардар, можеби или густината на странските разузнавачки служби на метар квадратен, да речеме, но мене ме растревожи неговата здравствена состојба! Еве, сега, ја тргнавме стипсата Маја, може ли некој да му рече на новото моме да пушти некој денар па да го пуштиме човекот во Баден Баден или во Бад Тацмансдорф на една, млад е човекот, триесетгодишна, да речеме, рехабилитација! Оти, да ви кажам нешто, ние можеме на работите да гледаме вака или онака или, што би рекла Гордето, вака-така, но една сериозна држава не може да си дозволи премиерот тешко да и дише! Уште еднаш се покажува дека Македонија е таков напор што дури и Чак Норис не би издржал во премиерската фотеља подолго од три-четири години!“, пишува Тричковски./ извор +ИНфо