Ги замолувам сите безбедносни и судски власти во земјава да ги почитуваат фундаменталните права, принципот на еднаквост пред законот и пресумпцијата на невиност.

Има тажна историја во оваа земја, во овој регион и во други делови на Европа, на системи на присмотра и легални обвинувања коишто земаа замав против индивидуи за политички цели. Овие пракси не треба да имаат место денес во земјава или во Европа, изјави вечерва во Скопје Ричард Ховит, пратеник во Европскиот парламент по средбата со раководството на СДСМ.
– Со овие прашања не смее да се занимаваат само судските власти, ова е начин преку кој ќе биде препознаен начинот на којшто се одвиваат и ќе бидат тест за самите судски власти. Избрав да дојдам денеска со другарите социјалисти и социјалдемократи за да искажам соодветна загриженост дека правата и слободите на другарите социјалдемократи членови на ПЕС во оваа земја можеби се прекршени. Но, исто така сум тука бидејќи ја сакам и почитувам оваа земја и сите нејзини граѓани, препознавајќи дека ова општество е доволно поделено и ние можеме да ја одиграме нашата улога во помагање да ги скратиме тие поделби – нагласи Ховит.