Груевски е во гард по ногдауните што го прима секоја недела .Тој сега размислува како да го истера мандатот до крај, ако се може , велат упатените. Тој би сакал избори сега по свои правила , но тоа нема да му го дозволи ниту меѓународната заедница која веќе го изолира, ниту СДСМ би му учествувале . Сега единствената опција му е контролираните медиуми да лажат и дефокусираат , а неговото судство и полиција да затвараат и да пресудуваат во негова корист , за елиминација на бомбите , и се тоа на краток рок. Тоа е впечатокот од вчерачниот негов млитав и прочтан настао . Сега нели тој ги повика институциите да дејствуваат.

„Овој случај мора да има правна, институционална и политичка завршница“, рече премиерот Никола Груевски во врска со аферата со прислушуваните телефонски разговори што ги објавува опозицијата. Груевски вели дека начин за излез од сегашната ситуација е дијалог со опозицијата во Собранието, но не и техничка влада. Тој на прес конференцијата, откако вчера лидерот на СДСМ Зоран Заев го обвини за нелегално прислушување на стотина македонски новинари со цел да ги контролира медиумите, изјави дека прислушуваните разговори биле од странска служба, но не прецизира за која служба станува збор. Груевски рече дека институциите во Македонија знаат која е странската служба од кои, според него, лидерот на СДСМ Зоран Заев ги добил материјалите.
Одговарајќи на новинарски прашања, за тоа, доколку тезата за странски служби е точна, зошто ниеден странски амбасадор не е протеран од земјава, Груевски рече дека по завршувањето на судската постапка ќе се донесе одлука дали нешто треба да се преземе.
Тој за овој случај со прислушувањето вели потребна е правна, институционална и политичка развршница. На прашање дали ќе прифати странски посредници за решавање на политичката криза, Груевски одговори дека за него бил добредојден секој кој и посакува добро на Македонија, а пред новинарите и децидно потврди дека нема да има предвремени избори.
Прашан од новинарите за тоа дали со ова е пробиен безбедносниот систем на државата, Груевски рече дека со вакви случаи се соочуваат и најмоќните земји, а она што било важно е дека сторителите биле фатени.
Интересно е дека никој за сега не ја негира точноста на информациите на разговорите, туку дали разговорите се од странски служби што е сосем ирелевантно за начинот на владеењето и маниплирањето нарачките спроведувањето на уредниците на „пушењето“ на власта ,лажењето и доведувањето во заблуда на јавноста.