Вујиќ: Очигледно е дека власта добро го „средила“ Велија

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Целосно ми се разјасни незаконското судење за Велија Рамковски со фактот што ќерката на судијката која пресуди за Велија Рамковски во тоа време беше избрана за судијка во Управен суд, вели адвокатот Мирослав Вујиќ, коментирајќи ја вчерашната снимка, која беше презентирана на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, според која директорот на УБК, Сашо Мијалков и уредникот на Сител, Драган Павловиќ Латас, зборуваат за тоа како Мијалков на свој начин го „средил“ Велија.

велија

Тој за Плусинфо изјави дека ова е уште една потврда на неговите тврдења за упадот во А1 и за постапката која е водена незаконито, со низа повреди, како и претходно во упадот, а особено во самиот претрес и за време на судењето.

– За тоа кој и од која страна влијаел Велија Рамковски да биде „спакуван“, или како што вика директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање – „среден“, јас навистина не можам да знам, меѓутоа очигледно е дека во неговото пакување учествувале полугите на власта – вели Вујиќ.

Вујиќ вели дека потврда за вмешаноста на власта лично него му било тоа што не се воздржувале да ја растурат телевизијата, имајќи предвид дека истата вработувала голем број новинари и била една од првите телевизии во Македонија, а заедно со фирмите и печатницата вработувала речиси 800 луѓе.

– Коментар за сето ова мислам дека е излишен, а после она вчера е и непотребен – истакна Вујиќ. /+info