(ВИДЕО) „360 степени“: „Уште во 2010-тата опозицијата предупреди, власта не послуша, а прислушување се случи“

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Уште во 2010-та во Собранието опозицијата алармираше дека со носењето на измените на Законот за електронски комуникации тајната полиција на тацна и без потреба од налог ќе ги добие сите електронски комуникации меѓу граѓаните. Владеачкото мнозинство тогаш реплицираше дека новиот Закон за електронски комуникации е само допрецизирање на одредби во Законот за следење на комуникациите и нема да има никакво кршење на правата и слободите.

phonetapping

Од сегашна дистанца, имајќи ги во предвид материјалите од прислушувани разговори што ги објави лидерот на СДСМ произлегува дека предупредувањата не биле без основ.

1111

На оваа тема во новото издание на емисијата „360 степени“ разговараа Народниот правобранител Иџет Мемети и поранешната судијка во Судот во Стразбур Маргарита Цаца Николовска, која се прикажува на Алсат-М, а пренсува Либертас.