ХТЦ: Немате идеја што претстои на 1 март

од Vladimir Zorba
78 прегледи
Го видовме дизајнот на новиот ХТЦ Уан М9, ги дознавме неговите карактеристики, остана ли нешто со што тајванската компанија да не изненади на 1 март? Во одговор на информациите и фотографиите кои протекоа во последниве недели, Џеф Гордон, менаџер за глобалните онлајн комуникации на ХТЦ, објави пост на Твитер, во кој вели дека „најдобрите делови од настанот на 1 март се оние за кои немате идеја дека доаѓаат“.htc_desire_eye_india
Ова може да се прифати како индиректна потврда на фактот дека видеата и фотографиите кои се појавуваат навистина укажуваат на Уан М9, но, исто така, дека компанијата има подготвено нешто многу повеќе за СМК во Барселона. Една од овие работи може да е Уан М9 Плус, кој се очекува да биде со 5.2-инчен Куад ХД дисплеј и сензор за отпечатоци. Овој модел ќе биде поголем, што се сугерира од името (ако тоа биде избрано за официјално), со подобри спецификации и, се разбира, со повисока цена од стандардната за Уан М9.
Се разбира, самиот наследник на Уан М9 исто така може да се покаже како изненадување, нудејќи нови и интересни функции. Ќе треба да почекаме до недела, кога ќе ги дознаеме сите продобности за новите предлози на ХТЦ.